Светските модни гиганти ЛПП и Индитекс во Ист Гејт Мол опфаќаат повеќе од 25 отсто со над 14,500 м2

Ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA“ заедно со тимот на Ист Гејт Мол во изминативе три години, работеа на креирање различен микс на брендови кој ќе ги задоволи потребите на потрошувачите. Резултатите денес на само неколку недели од големото отворање сведочат за делото – добро реализиран микс на содржини и одлична селекција на брендови со висока популарност од кои поголем дел за прв пат се претставуват на македонскиот пазар.

Светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс претставува синоним за квалитетно шопинг искуство, а своето “деби“ на македонскиот пазар ќе го имаат „Zara Home“ и „Oysho“ како дел од разновидното портфолио на Ист Гејт Мол. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40% од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично.

Групацијата Индитекс потпиша договор за закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за своите седум брендови како „ZARA“, „ZARA HOME“, „ОYSHO“, „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 м2 со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници на површина од 6,500 м2 и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“. Секоја од овие продавници ќе понуди разноликост, но и уникатни модни парчиња за сечиј вкус. Групацијата LPPе една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа, а со своите интересни и невообичаени концепти во Ист Гејт Мол ги носи светските трендови од модниот сегмент за жени, мажи и деца.

Модниот сегмент во Ист Гејт Мол ќе се простира на повеќе од 50%, со што го позиционира трговскиот центар како омилена дестинација за оние кои што сакаат поинакво шопинг искуство.


ПР објава