Свеж моден старт на месец МАЈ: Мини комбинезони
Не плашете се од сонцето, месец мај е гаранција дека ќе се дружите со него непрекинато. Колку повеќе сонце, толку повеќе причини за излегување. Колку повеќе излегувања, толку повеќе аутфити ќе ви бидат потребни.
За свеж старт на месец мај, топло ви ги препорачуваме мини комбинезоните, кои нудат слатка приказна за секојдневно уживање. Бидете свои и разголете ги нозете, ставете бои или цветни дезени на себе и едноставно пресликајте се во едно со пролетта. Ние ви помагаме:
Еднобојни комбинезони – за нежен изглед или за силен впечаток, изберете ја вашата омилена боја, додајте ремче и дотерани сте
Карирани комбинезони – за стилски класичен изглед
Тексас комбинезони – за кежуал изглед искомбиниран со силни модни аксесоари
Цветни комбинезони – за оние кои се заљубени во пролетта и ја носат во себе и на себе
Урбани комбинезони – за секаква прилика, за модна ѕвезда, каде и да се појавите
Подготви: Емилија Манасијева