СЗО со предупредување за регионот: Загрижени сме за состојбата со ковид-19 на Балканот

Добивај вести на Viber

Претставниците на Светската здравствена организација се загрижени за состојбата со вирусот Ковид-19 на Балканот. Според нив, регионов е ново жариште на коронавирусот.

Тие предупредија дека поради големиот прилив на туристи на Балканот, уште од почетокот на јуни СЗО било загрижено за зголемувањето ан бројот на новозаразени лица со Ковид-19.

Д-р Кетрин Смалвуд од Светската здравствена организација, истакна дека во нашиот регион мора да се превземат соодветни чекори за да се спречи појава на инфекција. СЗО ги загрижува бројките на новозаразени кои растат цела недела во Хрватска и Грција. Туристички земји кои ги посетуваат голем број на туристи од цела Европа.

Вчера во нашата земја се регистрирани нови 115 слуачи со Ковид-19, додека во соседна Србија беа регистрирани 169 новозаразени, а во Хрватска 265 лица со коронавирус.