СЗО советува: Не пијте, не пушете, не гледајте премногу вести!

Генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габриезус, Џенева, 11 март 2020 година.
Фабрис Кофрини - Getty Images

Светската здравствена организација нуди совети за живеењето во карантин: не пијте, не пушете и не гледајте премногу вести!

-Јадете здраво за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.

-Ограничете го алкохолот и шеќерните пијалоци.

-Не пушете. Може да ги влоши симптомите на КОВИД-19 и да го зголемете ризикот од сериозно заболување.

Ова се трите клучни препораки на Светската здравствена организација, за да останете физички и психички здрави додека живеете под карантин. Новиот коронавирус кој потекнува од Вухан, Кина пред помалку од три месеци се рашири во скоро секоја земја низ целиот свет.
Повеќе од 100 милиони луѓе низ целиот свет живеат под некаква форма на социјално ограничување, бидејќи јавните служби се борат да го сузбијат избувнувањето на КОВИД-19.

Стресот од останување на затворено и да следите случаи, каде се зголемува бројот на загинати низ целиот свет, може да биде голем. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, рече дека СЗО ќе советува во наредните недели за тоа како да останете здрави и да се справите со кризата. Во оваа тешко време, важно е да продолжите да се грижите за вашето физичко и ментално здравје. Ова не само што ќе ви помогне долгорочно, туку исто така ќе ви помогне да се изборите против КОВИД-19 ако се заразите“, рече Тедрос.

Советите на СЗО:

-Јадете здраво за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.

-Ограничете го алкохолот и шеќерните пијалоци.

-Не пушете. Може да ги влоши симптомите на СОВИД-19 и да го зголеми ризикот од сериозно заболување.

-Вежбајте најмалку 30 минути на ден за возрасни, и еден час за деца.

-Ако ви е дозволено да излегувате надвор, одете на прошетка, трчање или возење велосипед, додека одржувате безбедно растојание од другите.

-Ако несмеете да ја напуштате куќата, танцувајте, вежбајте јога или одете нагоре и надолу по скалите.

-Луѓето кои работат од дома не треба да седат предолго во иста позиција.

-Правете 3 минути пауза на секои 30 минути.

-Не мислете на кризата постојано. Слушајте музика, прочитајте книга или играјте игра.

„Нормално е да чувствувате стрес, да сте збунети и исплашени за време на кризата. Разговарајте со луѓе што ги познавате и верувате дека може да ви помогнат“, рече Тедрос. „И обидете се да не читате или гледате премногу вести ако тоа ве прави вознемирени. Следете информации од сигурни извори еднаш или двапати на ден.“