Таа беше најатрактивната македонска лото девојка: Пепита Танеска, поим за убавина

Повозрасната генерација сигурно ја памети познатата лото-девојка Пепита Танеска. Пепита беше една од најатрактивните наши Тв лица, а и сега во педесетата година изгледа одлично.

Освена како водителка, таа се обиде и на естрадата и има снимено неколку песни. 

Откако специјализираше гинекологија, се повлече од јавниот свет и од 2003 година, живее во Словенија. На социјалните мрежи, Пепита споделува фотографии и вели дека ужива во својата професија и во здравиот начин на исхрана со кој ја одржува линијата.