Таа е автомеханичарка: Мажите не сакаат да ѝ доверат автомобил на поправка, затоа што е жена! (ВИДЕО)
Натали Хоуп е автомеханичарка која секојдневно се бори со предрасуди на работа бидејќи е жена, па некои мажи ја одбиваат нејзината услуга
Натали со својата необична професија за жена успеа да собере повеќе од 35.000 следбеници на „TikTok“, но како што вели не е секогаш среќна на работа. Имено, многу клиенти ја одбиваат нејзината автомеханичарска услуга само затоа што е жена.
- Некои постари мажи ми велат дека би сакале да почекаат некој маж да им го погледне автомобилот – вели таа во едно од видеата.
@natalie.hope98 you'd be surprised how many people still have this opinion #fypシ #foryou #car #mechanic #femalemechanic Mama Said - Lukas Graham
Покрај клиентите кои ја одбиваат, има и многу кои ја мешаат со рецепционерка или касиерка во сервисниот центар.
Натали сака автомобили и тврди дека знае сè за нив, но сепак, кога мажите ќе дојдат кај неа на сервис, тврдат дека тие се тие кои ќе ја научат за одредени делови од автомобилот и како да ги поправи.
- Се обидуваат да флертуваат со мене и ми велат дека ќе ми покажат некој дел - вели таа.
@natalie.hope98 #cargirl #modified #fyp #JDSTREET #carsoftiktok #audi #foryoupage #TKMaxxTalentShow #cars #carguy #foryou #carscene #carcrash Any Other Name - Thomas Newman
И покрај коментарите со кои се мачи секојдневно, таа вели дека најмногу ја поддржуваат жените:
- Ми велат да не се откажувам и да продолжам со одличната работа заради другите жени - вели Натали, а нејзината работа ја коментираат и други автомеханичари:
- Можам да потврдам сè, и мене ми е сосема исто - велат тие.
Натали открива дека многу жени ѝ се заблагодаруваат што си ја врши работата, бидејќи машките автомеханичари секогаш се обидуваат да извлечат повеќе пари отколку што е потребно за поправка.
@natalie.hope98 wait for it #JDAirMaxMode #carsoftiktok #cargirl #foryou #fyp #drift
- Само продолжи, вти си нашиот спас - коментираат тие.
Натали сака автомобили, па често се фотографира како вози и тврди дека одлично ѝ оди.