Таа е најплатената српска актерка: 3 години работи по 12 часа секој ден, никогаш не призна кој е татко на нејзиниот син
Милица Милша е најплатената српска актерка, а еве како ја доби таа „ласкава“ титула
Додека Мики Манојловиќ е најплатениот српски актер, актерката Милица Милша е најплатената српска актерка благодарение на улогата на Ада Каначки во теленовелата „Игра на судбината“. Милица на снимање помина дури 23 месеци, но од таа серија заработи и неверојатни 227.700 евра, пишува „Блиц“.
Благодарение на „Игра на судбината“ таа стана најзафатената актерка во Србија во последните три години, додека се снимаше таа мегапопуларна теленовела.
„Милица Милша потпиша договор според кој има 22 работни дена месечно со по 12 часа снимање. Дневните хонорари за познатите актери во теленовели изнесуваат од 200 до 450 евра дневно на снимање. Со оглед на тоа дека Милица е главната актерка, доби и највисок хонорар! Во последните три години на снимање помина дури 23 месеци, па заработи вкупно 227.000 евра“, изјавил за „Информер“ добро упатен извор.
Милица Милша и екипата на оваа мегапопуларна серија моментално се на одмор, а по август ќе започне снимањето на четвртата сезона на „Играта на судбината“.
Милица Исаковиќ е родена во 1968-ма година во Белград. Татко ѝ бил познатиот писател Антоние Исаковиќ, а мајка ѝ била писателката Лепосава Миланин Исаковиќ. Токму нејзината мајка во детството ѝ го дала прекарот Милша, по кој и денес е препознатлива. Иако отсекогаш сонувала да се занимава со балет, тоа не било возможно бидејќи од пет до петнаесет години носела метален држач за 'рбетот поради сколиоза. Затоа уживала да вежба балет со тетка ѝ Лела во нејзиниот дом. Поради висината ја советувале да игра кошарка, но не била многу заинтересирана за тој спорт. На десет години се појавила во својот прв филм, а вели дека тогаш не ни била свесна што ѝ се случува.
Таа порасна опкружена со многу актери, писатели и академици кои ги сметаше за нормални луѓе тогаш и сега. Затоа вели дека не се онесвестила кога ги запознала принцезата Дијана и принцот Чарлс во Кан, како и други познати личности. По основното училиште, вели таа поради општеството, се запишала во гимназија на насока физичко тестирање на материјали. После тоа се запишала на студии по физика хемија, но многу брзо сфатила дека тоа воопшто не ја интересира. Затоа се запишала на студиите за француска книжевност на Факултетот за драмски уметности. После една година Милица сфатила дека сака да студира глума. Се пријавила да полага приемен испит на Академијата за драмски уметности во Нови Сад и била примена во класата на професорот Бора Драшковиќ. Покажала голем талент, па во текот на студирањето почнала активно да глуми во претстави, пишува „Biografija.org“.
Најголемата мистерија во животот на Милица Милша е информацијата за таткото на нејзиниот син. Имено, во четврта година на Академијата, Милица забремени, а само два месеци по породувањето ја одбрани дипломската претстава на факултет. Таа во едно интервју раскажа како голема поддршка биле нејзините родители, кои се грижеле за момчето до неговата шеста година. Во 1998-ма година, еден пријател ја запознал Милица со писателот и сценарист Жарко Јокановиќ. Тие се венчаа следната година, и важат за еден од најскладните парови на српската јавна сцена. Милица не ја криеше среќата што Жарко го прифатил нејзиниот син за свој и гордо истакнува дека Антоние има само еден вистински татко кој е и нејзин сопруг. Иако често глумеше големи заводнички во серии и филмови, таа вели дека во приватниот живот никогаш никого не заведувала, ниту пак страдала поради мажите и дека единствениот маж кој успеал да ја заведе бил нејзиниот сопруг.
Извор: stil.kurir.rs