ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

Добивај вести на Viber

Младиот фудбалер Милош и неговата девојка Анѓела загинаа во страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад во Србија.

Во инцидентот што се случи во 11:50 часот се урна бетонска настрешница при што загинаа 14 лица. Меѓу жртвите се младиот Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година).

На клупите под настрешницата имало патници кои чекале возови.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека во страшна несреќа во Нови Сад животот го загубија нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) заедно со неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година). Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“, беше објавено на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб каде што играл младиот Милош.

Меѓу загинатите има и еден Македонец.