Се жртвувам за да сум убава: Тајната на Викторија Бекам
Сопругата на Дејвид Бекам знае дека за убавина треба да се жртвувате, па затоа не и е тешко да станте во раните утрински часови за да остане во врвна форма.
До девет часот, познатата британка која најави дека ќе започне сопствената линија на производи за убавина, покрај обврските со децата, пред да замине во канцеларија, успева да направи два тренинга.
За „Сандеј тајмс", Викторија открила како изгледа нејзиното утро.
„Секој ден станувам во 6 часот и еден час пред да се разбудат децата вежбам во теретана. Кога ќе се разбудат, имаме појадок, а потоа со Дејвид ги носиме на училиште ", вели Викторија, која пред да оди на работа, вежба уште еден час во теретана.
„Да, јас сум многу дисциплинирана, морам да бидам", вели г-ѓа Бекам, која истакнува дека нејзиното време во теретана е многу важно бидејќи е време што таа го има само за себе во текот на денот.
„Таму имам мир, никој не доаѓа со лаптоп", додава Викторија.