Здравје // Диета
Тајната за убавината на Салма Хајек: Добра исхрана и пилатес
Салма Хајек е една од најдобрите актерки, а сега откри како ја одржува својата витка линија.
Иако неколку пати беше прогласена за најубава жена на светот, Салма тврди дека не е тип на жена која со часови вежба во теретана.
Неколку пати има нагласено дека повеќе сака пилатес и јога, но и дека многу внимава на исхрана.
Познато е дека килограмите кои ги изгубила по породувањето е благодарение на детоксикација со многу природни сокови од овошје и зеленчук.
Четириесет и осум годишната актерка изјави како и се променил погледот кон телото откако ја родила својата ќерка Валентина.
„Имав многу вишок на килограми и по бременоста почнав повеќе да го ценам она што го критикував“, изјавила таа.