Тамара се преполови, пееше на два степени во кратка сукња и порача: Ништо не е залудно (ГАЛЕРИЈА)
Тамара Тодевска никогаш не изгледала поубаво.
Поп-ѕвездата на едвај два степени, во мини сукња и во кратка јакна, облечена како за на лето, одржа одличен концерт пред „Сити мол“ во Скопје.
Изминатиов период, таа е на здрав режим на исхрана и редовно вежба, а резултатите се видливи. На концертот кој го отвори предновогодишниот базар пред „Сити мол“ видовме една старо-нова Тамара. Стара во моќниот вокал, со познатата енергија на сцената, а нова во изгледот, преполовена.
Пеејќи ги повеќето од нејзините хитови, таа уживаше во блискоста со публиката, се поздравуваше со оние од првите редови, муабетеше со нив смешкајќи се, им исполнуваше музички желби.Најважните за неа исто така беа во публикта, нејзините деца, Хана и Дарен кои излегоа на сцената да ја гушнат мајка им и да заиграат со неа.
Пеејќи ја песната „Залудно е“, Тамара порача: „За сѐ во животот треба да се потрудиме. Ништо не е залудно“.
„Prоud“ традиционално ѝ ја посвети на ќерката и на сите девојки, со многу љубов ја испеа „Немирна“ порачувајќи дека сите што се немирни, такви треба да останат. Раскажа и дека љубовта е најважна на светот и треба да се негува. Песната „1003“ ја нарече скапа песна, а поскапа излезе „Тажна љубов, среќна песна“ која на барање на публиката ја испеа два пати.
Пред крајот, ги испеа убавите балади „Тешко без тебе“, омилената песна на татко ѝ Велко Тодевски, и „Готово е“. Насмеана и задоволна од забавата под елката и од публиката која ја стопли, на крајот порача да ја сакаме и да ја слушаме македонската музика.
Милица Џаровска
Фото: Вангел Тануровски
ГАЛЕРИЈА: