„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања
фото: Вангел Тануровски
На денешното рочиште, полицискиот началник Музафер Калишиќ изнесе нови шокантни детали во врска со случајот на исчезнатата и пронајдена мртва девојка, Вања Ѓорчевска. Сведочењето фрли светлина врз морничавиот тек на настаните и учеството на обвинетиот Влатко Кешишов, кој во својот исказ го посочи и првообвинетиот Љупчо Палески – Палчо.
Според Калишиќ, Кешишов, кој бил приведен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски, инсистирал да заминат сами на „едно место“, плашејќи се дека Палчо би го убил ако дознае што ќе открие.
„Прво нè однесе до запалено возило, еден стар 'цитроен', за кој веќе знаевме. Таму се колебаше – сакаше да каже нешто, но потоа се премислуваше. Конечно рече: 'Ајде ќе ве однесам до местото,' и продолживме да возиме според неговите насоки“, сведочеше Калишиќ.
Откако стигнале до отворен простор кој служи како депонија, Кешишов со одмавнување на главата покажал кон перници и душеци. „Таму кај перниците,“ рекол и додал: „Стоев на 20-30 метри од нив кога ја фрлија девојката.“ Полицајците започнале да копаат на местото што го покажал. „Го прашав кој е таму, а тој ми одговори: 'Таму е маленкото што го барате.' Копавме сè додека не го видовме носот и едната нога на девојчето. Потоа запревме,“ раскажа началникот со тежок тон.
Повеќе детали на Фактор тука.