Таму нема да си изневерена од никого: Јованова и Зафирчев се простија од Беличанец
Актерката Јелена Јованова, својата колешка, актерката Билјана Беличанец која сношти се самоуби во Скопје, ја нарече мајка. Јелена, во својата обава на Фејсбук рече оти се надева дека Беличанец е сега на место на кое нема да се чувствува изнеревена од никого.
„Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого. Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше. Толку многу даде, а уште колку многу остана..Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЀ! Почивај во мир Билјана Беличанец“, напиша Јованова.
Од колешката и пријателка, со објава се прости и колегата на Јелена од серијата „Преспав“, актерот во Велешкиот театар, Васил Зафирчев.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А нѐ напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша Зафирчев.