Култура // Настани
Танц со многу љубов донесе злато во Македонија: Танчарите со Даунов синдром рушат бариери
Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио Dancers United MK го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци кое што се одржа во Киелце,Полска.
Танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски водени од Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска како нивни ментори и тренери се екипата кои го донесоа златото во Македонија.
Тие веќе 5 години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории, откако ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори (деца со типичен развој) како и европски шампиони во повеќе пара категории. Минатата година ја освоија бронзата на Светското првенство во Копенгхаген, Данска.