Тања Савиќ заврши во полиција: Откри што се случило, станува збор за измама и пари

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Тања Савиќ доби повик од полицијата, бидејќи некој се претставувал како да е таа и пробал да и ги извади парите од нејзините картички.

Според сознанијата, таа личност, како што се претпоставува, мислела дека Тања е во Австралија и дека целиот случај нема да биде откриен. Савиќ се огласи по овој повод и ги потврди овие сознанија, истакнувајќи дека се уште е во шок поради сето она што и се случило.

„Ме повикаа да одам да дадам изјава поради кражба на некои пари и од картички и кражба на идентитет. Прво помислив дека некој се шегува со мене, но всушност не стануваше збор за шега“ - раскажала пејачката, а пренесува „Свет“.

„Ќе одам да видам што се случува, бидејќи ми кажаа дека таквите разговори не може да се водат преку телефон“ - додаде таа.


Фото: Инстгарам