Тања Турунџиева, нуртиционист: Децата не треба да јадат секој ден месо, а уште помалку месни производи
Позната нутриционистка Тања Турунџиева во интервју за Факултети.мк објаснува како треба да се хранат децата, која храна е безбедна и како всушност треба да изгледа неделното детско мени. Таа вели дека децата задолжително треба да имаат 3 до 5 оброка дневно со присуство на вода и природно цедени сокови. Турунџиева предупредува дека многу често во исхраната на децата е застапена индустриската исхрана која претежно во својот состав содржи конзерванси, емулгатори, вештачки бои, нитрити.
Интервјуто е превземено од факултети.мк
– Лошата исхрана влијае и врз растот и развојот на едно дете – вели таа.
Факултети.мк: Родителите се исправени пред многу дилеми кога е во прашање исхраната на децата. Што е првиот совет што им го давате кога ќе дојдат кај вас?
– Факт е дека родителите имаат проблем и дилема кога е во прашање исхраната на децата. Прво и основно детето треба да има секојдневен индивидуален режим на исхрана, во којшто ќе бидат присутни сите основни нутритивни вредности. Најнапред кога ќе се обрати за помош некој кај мене правам осознавање на детето, односно ги запознавам неговите секојдневни навики. При подготовката на режим на исхрана, неговите оброци ги адаптирам према неговите обрвски и активности. Сето тоа го правам со селекција на исхрана, која ќе влијае на неговиот метаболизам и имунолошки систем. Целата исхрана е адаптирана на нашата македонска кујна и исхрана која е својствена за ова поднебје. Внесот на хранливите продукти е индивидуален, базиран на неговата здравствена состојба, активности и потреби. Внимавам многу на приготвувањето на режимот на исхрана да во него има квалитетен внес на здрави и квалитетни калории. Задолжително да имаат 3 до 5 оброка дневно со присуство на вода и природно цедени сокови. Секој режим е индивидуален.
Факултети мк: Како треба да изгледа дневното мени на децата од 5-6 годишна возраст, а како на поголемите деца, пред пубертет?
– Децата пред школска возраст па и малку поголемите потребно е да имаат 5 оброка дневно, 3 главни оброка и 2 ужини. Во нивната исхрана секојдневна треба да биде присутно свежото овошје и свежиот зеленчук. Во текот на денот треба да бидат внесени сразмерен внес на јагленохидрати и житарки. Сите оброци треба да бидат пропратени со разноврсни, колоритни, свежи зеленчуци. Сметам дека, треба на децата да им се направи неделно мени, во кое ќе изобилува разноврсна македонска кујна. На тој начин во текот на една недела ќе бидат внесени сите потребни нутритиви, кои позитивно ќе влијаат на правилниот и здрав развој на детето. А кога станува збор за исхрана кај деца во пубертет гласно и јасно велам: „Родители внимавајте што јадат вашите деца надвор од дома“. Родителите можеби и имаат увид и контрола на исхраната на децата во домовите, но најчесто децата на таа возраст консумираат брза храна и многу индустриска храна. Затоа во последниот период видливо се зголемените килограмите, кај децата во пубертет. Преку еукативни програми, преку секојдневни разговори, како и преку уписи на разни спортски активности, може да се победи оваа несакана појава кај децата на таа возраст.
Факултети.мк: Дали децата треба да јадат секој ден месо?
– Заблуда! Децата не треба да јадат секој ден месо, а уште помалку месни производи. Во нивната исхрана треба да има сразмерен внес на протеин, јагленохидрат и житарки. И рибата и печурките се идеална замена за месото. Не велам дека, децата треба да бидат лишени од месото, но сепак тоа треба да биде добро проверено и квалитетно месо (предимство на телешко и мисиркино месо). Како податок на научно ниво докажано е дека вегетаријанците се поздрави од оние кои конзумираат месо.
Целото интервју читајте го овде!