Татко откри како тој и ќерка му преживеале 4 дена под урнатините: Ја гушкал за да ја стопли

Добивај вести на Viber

Таткото и ќерката се опоравуваат во болница, а Џем рече дека ја прегрнал за топлина и се обидел да ја увери дека ќе бидат спасени, и покрај тоа што се плашел дека помошта никогаш нема да дојде

Татко и ќерка кои останаа заробени под урнатините на нивниот дом по разорниот земјотрес во Турција изјавија дека играле „хартија, камен, ножици“ повеќе од четири дена пред да бидат спасени.

Џем Окур (42) и неговата ќерка Танем Сафије (8) преживеале без сериозни повреди, но останале заглавени во темнина во длабокиот јаз меѓу таванот и подот на нивниот петкатен стан кога се урнал врз нив.

Во интервју за Дејли Мејл, таткото и ќерката изјавија дека се обиделе да си го одвлечат вниманието играјќи ја познатата детска игра „хартија, камен, ножици“.

По 101 час тие конечно беа извлечени откако екипа за пребарување и спасување успеа да ги пронајде низ урнатините на нивниот дом во провинцијата Хатај.


Мајката на Џем, која живеела со нив, лежела мртва во друга соба кога врз неа паднале урнатини по земјотресот на 6 јануари.

Таткото и ќерката се опоравуваат во болница, а Џем рече дека ја прегрнал ќерката за да ја стопли и се обидел да ја убеди дека ќе бидат спасени, и покрај тоа што се плашел дека помошта никогаш нема да дојде.

Џем се присети како се случил земјотресот додека тие спиеле и рече дека под нив изгледало како „земјата да експлодирала“.

„Тоа беше како Армагедон и изгледаше лошо. Првите неколку минути беа ужасни. Горните катови беа уништени, а таванот над нас се сруши така што останавме заглавени во празнина висока еден метар.

Не можевме да видиме ништо и моравме да ползиме по подот за да дојдеме еден до друг. Се чувствуваше како да нема воздух“, рекол таткото.

Џем рече дека биле дехидрирани и се плашеле дека ќе умрат од жед пред да најдат шишиња со вода по 24 часа во темница.

Како што рекол, чувствувал голема болка знаејќи дека неговата мајка најверојатно е мртва, но се обидел да го сокрие тоа од својата ќерка.

„Бевме блиски и упорно игравме детска игра, но не се смеевме додека ја игравме. Пеевме песни, раскажувавме приказни и го молевме Бога да не спаси“, се присетува таткото.

Тој раскажа како неговата ќерка постојано му велела „да го одржи ветувањето и да ја спаси“.

Тој рече дека постојано удирал во ѕидот со карпа со надеж дека спасувачите ќе го слушнат звукот.

Неговите напори конечно го предупредија доброволниот тим за пребарување и спасување и војниците кои копаат низ урнатините за да стигнат до нив.

Танем била првата што била спасена бидејќи била доволно мала за да се вклопи низ дупката и била однесена во амбулантно возило. Таа рече дека сака тие да му ја пренесат пораката на нејзиниот татко дека „го сака и е добро“.

Потоа, Џем беше извлечен и однесен во болницата каде што била и неговата ќерка.

„Најважно ми е што сум тука со ќерка ми“, рече тој.


FOTO: Twiter screenshot