Татко изработи прекрасна колевка за сите борци од интензивна нега на ГАК: Семејството Алексовски ја доби најголемата битка
Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје објави вест која ни ги топли срцата. Имено мајка и татко после долги години станаа родители на синче кое ја доби својата најголема битка. По тој повод таткото од семејството Алексовски со свои раце изработи колевка во вид на полумесечина, за да се фотографираат сите борци кои среќни ќе си заминуваат дома од интензивна нега.
„Семејството Алексовски и нивното новородено долгоооо чекано синче ја добија најголемата битка.
Таткото со свои раце ја изработи оваа прекрасна колевка за сите идни борци кои ќе ги испраќаме домче.
Од оваа колевка, од оваа месечинка со песна да ги испратиме јунаците од интензивната нега.
Ви благодариме за трудот и посветеноста, за желбата на сите мали јунаци на испраќање од болница да им приредиме едно мало, убаво доживување и да им посакаме безгрижно убаво детство.“