Таткото на Дејвид Бекам се ожени по вторпат на 73 години: Познатиот фудбалер му беше девер на венчавката

Таткото на Дејвид Бекам, Тед се ожени на 73 години со 62 - годишната милионерка Хилари Мередит. 

На приватната церемонија, Дејвид беше девер. На венчавката, присуствуваа и сопругата на фудбалерот, Викторија Бекам и нивните деца. 

Тед и Хилари се вериле во март минатата година, а се запознале во 2019 година.

фото: PA

Инаку, ова е втор брак на Тед, кој се разведе од мајката на фудбалерот, Сандра во 2002 година, по 33 години заеднички брак.

фото: PA