„Татковскиот инстинкт“ не е полош од мајчинскиот

Добивај вести на Viber

Една неодамнешна студија стави крај на популарното верување дека мајките се неспоредливо подобри од татковците во способноста да ги разберат потребите на нивните мали деца.

Истражувачите од францускиот универзитет Jean Monnet Saint-Etienne откриле дека родителите на двата пола имаат иста способност да идентификуваат плачење на нивните деца. Сепак, оваа способност не зависи од сексот, туку од времето кое родителот го поминува со детето, велат научниците предводени од Николас Матевон. Во извршените експерименти е забележано плачење од 29 бебиња на возраст од 53 до 153 дена. Малите деца биле од Африка и од Европа со цел да се елиминира потенцијалното влијание на локалните културни норми. Секој учесник во експериментот морал да слушне 3 различни записи за плачењето на 5 бебиња, вклучувајќи го и нивното дете.

Резултатите покажуваат дека родителите кои поминуваат најмалку 4 часа дневно со своите деца го препознаваат гласот на нивните потомци во просек повеќе од 90% од времето. Мајките покажале 98% точност и татковците 90%. Истражувачите заклучуваат дека хипотезата за "мајчиниот инстинкт" е погрешна затоа што не го зема предвид времето кое татковците го минуваат со своите деца.



Фото: Dina Uretski / Shutterstock