Култура // Настани
Тавче-гравче и ајвар за „Ту челос“ во Скопје
Вечерва од 21 часот во ВИП Арената, концерт ќе одржи дуото на виолончела „ Ту Челос“. Лука Шулиќ од Пула и Стјепан Хаусер од Марибор, кои со обработката на светските поп и рок класици стекнаа светска слава, токму денеска го промовираат новиот албум „Let There Be Cellо“.
„На овој албум има и оригинал композиции од „Ту Челос“. Инспирирани сме од секаква музика, од поп-хитови до класична музика, рок-класици до нашата љубов кон филмската музика. Нема правила, само нека биде чело“, велат од дуото за својот нов албум.
„ За скопскиот концерт, „2 Челос“ се со скромни барања. Не постои некоја особена рајдер листа, освен во делот за храната. Тие сакаат да пробаат исклучиво наши домашни специјалитети, тавче-гравче, ајвар, пинџур, и добри македонски вина“, велат од „Авалон продукција“, организаторите на концертот.
„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје“, изјавија Лука и Стјепан во видео поздравот кој го испратија до македонската публика. (М.Џ.)