Тексас здолништа кои ќе бидат актуелни и престојната есен

Добивај вести на Viber

Тексасот е материјал кој речиси никогаш не излегува од мода.

Покрај тоа што е секогаш актуелен за време на летниот период, оваа есен тој ќе биде составен дел на аутфитот на секоја девојка, која ги следи трендовите. 

Црното тексас здолниште, како и црните фармерки се задолжително парче во гардероберот на секоја девојка. Лесно се комбинираат, а бидејќи не е впечатлива боја, може да се носи на различни начини и секогаш да изгледа различно и уникатно. 


Покрај фустаните и кошулите со впечатливи копчиња, тренди се и моделите на тексас здолништа, за чија популарност е тотално оправдана. 


Предноста на белиот тексас е што лесно се комбинира како со шарени летни кошули, така и со кожени јакни, кои пак никогаш не излегуваат од мода. 


Како и моделите на фармерки или кратки панталони, така и искинатите тексас здолништа изгледаат тренди и се наменети за девојки кои сакаат поинаков изглед.