Телевизорите на Samsung за 2022 година добија сертификат за намалување на емисијата на CO₂ доделен од Carbon Trust

Добивај вести на Viber

Samsung продолжува да создава одржливи производи во согласност со својата визија „GoingGreen “ 

КомпанијатаSamsung Electronics, веќе 16 години е водечки светски производител на телевизори,аод 2022 година нивните Neo QLED телевизори го добија сертификатот за „намалена емисија на CO₂“ кој го доделува Carbon Trust,како признание за напорите да ја намалат стапката на јаглерод во производите.

Оваа година, 11 модели на Samsung телевизори за 2022 година, вклучувајќи три модели Neo QLED 8K, три модели Neo QLED 4K, два модели QLED, два модели на Lifestyle ТВ и еден модел на Crystal UHD ТВ, го добија овој сертификат благодарение на намалената  тежина на производот и потрошувачката на електрична енергија за време на неговата употреба. 

Carbon Trust е глобална консултантска компанија специјализирана за климатски прашања со мисија да ја забрза транзицијата кон иднина безјаглерод. Сертификатот за „Намалена емисија на CO₂“ покажува дека јаглеродниот отпечаток на производот е намален во споредба со претходната година. Се користи за проценка на количината на стаклени гасови генерирани во текот на целиот работен век на производот користејќи меѓународно признати стандарди.

Samsung долго време е посветен не само на поттикнување иновации во производите, туку и на дизајнирање и имплементација на технологја која гарантира еколошка одржливост. За време на презентацијата на саемот CES 2022, Jong-Hi (JH) Han, потпретседател, извршен директор и раководител на одделението Samsung Device eXperience, ја објави визијата на компанијатапод името „Together for Tomorrow“ и ја истакна посветеноста на Samsung за создавање одржлива иднина и поттикнување на заедничка глобална соработка со цел да се зачува планетата. 

Како дел од оваа иницијатива, деловниот сегмент за визуелни екрани на Samsung планира да користи околу 30 пати повеќе рециклирана пластика за производство на паметните уреди во споредба со 2021 година. Компанијата откри дека планира да ја прошири употребата на рециклирани материјали во сите мобилни уреди и апарати за домаќинство до 2025 година.

Покрај тоа, Samsung практикува различни начини како би го минимизирале влијанието на производите врз животната средина за време на нивниот животен век. Програмата на компанијата наречена „Еко-пакување“ - која им овозможува на корисниците да ја користат амбалажата во која се пакуваат телевизорите како различни парчиња мебел - оваа година е подобрена и користи 90% помалку мастило, додека спојниците се отстрануваат за време на производството. 

Samsung го подобри и далечинскиот управувач SolarCell на сите модели на телевизори за 2022 година, што ја елиминира потребата од батерии благодарение на вградените соларни панели. Samsung разви и примени нов материјал направен од искористена пластика што инаку би завршила како морски отпад на мониторот со висока резолуција S8 за 2022,како би го намалиле отпадот,а со тоа еколошкиот отпечаток ќе се сведе на минимум.

„Како лидер на пазарот 16 години по ред, Samsung е фокусиран не само на технолошкиот напредок, туку и на иновации поврзани со технологијата насочени кон луѓето и животната средина“., изјави Seokvo Jong, извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој во одделот за визуелни прикази во Samsung Electronics. „Samsung ќе продолжи да имплементира различни иницијативи за одржливост и животна средина во согласност со неговата „Going Green“ визија“.


ПР објава