Терасата како стилски симбол на слобода во изолација
Кога пред една година, помеѓу две работни места, конечно
имав слободен ден го искористив за расчистување на терасата.
Не е голема. Не потсетува на фантастичните тераси
што ги гледаме во филмовите на Фелини, ниту пак е направена по нарачка од
Инстаграм. Но, со столчиња, некои растенија, цвеќиња и неколку детали донесени
од патување наместо сувенири, стана засолниште за мене во една сосема необична
животна ситуација.
Овој викенд, обележан со забрана за движење на
шеесет часа, повеќе од кога било досега, сопствениците на која било тераса или
балкон (иако никогаш не ја знаев суптилната архитектонска разлика меѓу двете)
сфаќаат колку е среќа да се има тој простор. Тоа е, терасите што ќе останат
еден од симболите на овие чудни времиња. За време на ерата на Корона,
Европејците на терасите, пејат, комуницираат со соседите или се осамуваат од семејството
во станот. Во зависност од потребата.
Во чиста смисла на животот, една тераса со неколку
промени може да стане најфотогеничниот дел од станот. Да го земеме примерот на
две јасно стилски ликови од Noizz
Chair. Инфлуенсерката Ива Чуjак го направи целиот нејзин изолациски фото дневник
за Noizz Chair на нејзината тераса, а Мери Тарлац
им испрати #weekendgoalz фотографија од балконот - каде ги комбинираше
своите ретро љубовни пижами со папучи на Bottega Veneta, плус турбан со крпи и
гигантски чаши.
Никогаш немало подобро време да го следиме нивниот
пример.
Извор: Noizz.rs