Тетоважите на познатите и нивното значење
Првата тетоважа Тони Зен ја направил на 17, а Перо Антиќ на 19 години. На Панчо, Тијана Дапчевиќ и Мартин Мила најдраги им се цртежите инспирирани од нивните наследници, а Александар Тарабунов на оригинален начин ја изненади сестра си
Тетовирањето не е само цртеж на кожата, туку живот. Без разлика дали трајното нанесување на мастила во различни бои симболизира бунтовност, специфичен начин на изразување или уметност, секогаш најважна е приказната. Со различни мотиви своите тела ги имаат „насликано“ и многу познати Македонци.
Меѓу цртежите споени од грбот до градите и на рацете, популарниот рапер Тони Зен засекогаш ја врежа и пораката „Јас сум производ на сопствените убедувања“. Првата тетоважа ја направил на 17 години.
- Се радувам што низ годините се рушат бариерите за оваа уметност и култура која датира уште од античко време. Кога ќе видиме тетовирани луѓе сега првата асоцијација не е криминал или борба со зависности, туку силни и храбри индивидуи, успешни во она што го работат. Сите мои тетоважи се моментална инспирација, мои убедувања. Сѐ уште немам цртеж или цитат кој е посветен на конкретна личност – раскажа Зен во едно интервју.
Впечатлива тетоважа на рамото има и пејачката Елена Миленковска. Симболот комплетно го отсликува нејзиниот живот, а тоа е музиката.
- Имам виолински клуч и петолиние со ноти, поврзани со синџир на кој има срце заклучено со катанец. Музиката е во моето срце. Таа ме исполнува и ме прави среќна. Навистина ми е мило што го носам тој печат на мене - откри Миленковска.
Перо Антиќ, во една прилика откри дека
својата прва тетоважа ја направил кога имал 19 години.
- Првпат го истотовирав моето тело во 2001 година и оттогаш ми стана пасија. Дел од тетоважите се поврзани со мојот живот и семејството, а дел со клубовите каде што сум играл. Една од подрагите ми се познатите зборови на Нелсон Мендела – објасни Антиќ.
Над дваесетина тетоважи има и Панчо од дуото „ДНК“, вклучувајќи ги и оние посветени на неговите два сина. Очекувано, најдрага тетоважа и на Тијана Дапчевиќ ѝ е цртежот во чест на синот. Неговиот иницијал со ангелски крилја гордо го носи на грбот. За „Женски магазин“ и кантавторот Мартин Мила откри дека особено му се драги тетоважите на вратот и градите посветени на ќерка ми. Бројот седум е збир кој го симболизира нејзиниот датум на раѓање, а нотите „ми„ и „ла“ се нејзиното име. Александар Тарабунов пред неколку години го тетовираше името на сестра си. Повеќе тетоважи на рацете има и пејачот и автор Димитар Андоновски кој изјави дека секоја има посебно значење за некој период од неговиот живот. Огромен цртеж на градите има и раперот Драган Величковски - Тајзи, а пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски си истетовираа бурми.
Ѓ.С.