The Beautiful Mind Series – парфеми инспирирани од креативни и интелигентни жени

Добивај вести на Viber


The Beautiful Mind Series мирисите ги креирал парфимерот кој стои зад брендот  Escentric Molecules, а неговото име е Geza Schoen.
Фрустриран од бесмислениот мирис на славните, решил да создаде серија мириси инспирирани од креативни и интелигентни жени.


The Beautiful Mind Series Vol. 1:  Intelligence & Fantasy 
Мирисот е креиран во соработка со Christiane Stenger – таа е најмлад шампион во меморија со освоена победа на  Grandmaster Memory.


The Beautiful Mind Series Vol. 2: Precision & Grace 
Овој мирис е креиран во соработка со Polinа Semionovа, светски позната балерина, првенец во класичен балет.

Сеќавањата се бескрајни и ништо не може да не допре толку силно како мирисот. Благодарение на врската помеѓу мирисот и сеќавањата, можеме да ги преживееме повторно спомените толку интензивно, така што добиваме чувство како повторно да сме назад во времето и го живееме искуството уште еднаш.



Intelligence & Fantasy е мек и ултра женствен, но со кристално чувство на свежина и транспарентност. Парфем кој се отвора со светли ноти на бергамот, црвени зрна од бибер, пупки од магнолија и хедион, кои цветаат во срцето на егзотичната Тiare absolue. Тiare е гарденија со потекло од Тахити, ретко користена во парфемите заради фактот што е многу скапоцена состојка и носи високи трошоци. Последната мирисна нота е волшебна и сензуална со сандаловина, кедар и лесно присуство на мошус.
Пакувањето за Intellligence & Fantasy  е приказ на мрежа со нервни врски кои експлодираат кога се активира некое сеќавање.
„Сакав да откријам на кој начин мирисот ги предизвикува емотивните спомени. Тоа е она што мирисот е навистина – сеќавање спакувано во едно шише.“


Precision & Grace - танцот е видлива поезија, а мирисот е танц на невидливите молекули.



Precision & Grace предизвикува леснотија, како тенка ткаенина од костимите на класичните балерини, чувствувајќи ја топлината на телото за време на танцот.
Precision & Grace е баланс помеѓу овошните ноти и цветниот прав. Првата нота која се чувствува е крушка со лесен  бергамот и мандарина.  Средната нота е необичен овошно-цветен акорд на јасмин со слива, во комбинација со светли цветови на мимоза, фрезија и османтус. Последната нота е кадифен мошус.
Дизајнот на обвивката претстаува мрежа на нервни патишта кои се осветлуваат во мозокот на оној што танцува. Боите на пулсот се одразуваат за време на танцот, како своевиден скенер на движење, тие ја претставуваат слободата и радоста на танчерот.
Парфемите се достапни во парфимеријата Anabella Мериот во Скопје.