“The Yard“ -Врвна приказна сместена во редот на Топ-10 турски серии некогаш прикажани на светските стриминг платформи!
Најдобрата женска
актерска екипа од Турција маестрално ја раскажа забранетета приказна за животот
на жените во затвор. Оспорувана и под притисок од турските власти The Yard („Авлу“-
затворски двор) руши рекорди на
гледаност!
Силно одекна приказната за борбата на жените, кои мора да се откажат од својата “дворска“слобода, борејќи се против себе, натпреварувајќи се со сопствената болка и играјќи против своите закони.
Животот заглавен помеѓу четири ѕида, приказната за среќата, тагата, надежта, пријателството и непријателството во The Yard, Авлу ја раскажува:
Демет Евгар како Дениз Демер
42 годишната турска актерка со албанско потекло, целиот свој живот го посветила на својата кариера и сега заслужено се наоѓа на врвот. Нејзина прва љубов е театарот, каде ниже бројни успеси а во 2009 добива и награда за најдобра актерка за ликот на Елиза во претставата “Цимри“. Славата ја достигнува со филмските улоги. Најдобра актерка во 2017 во комедијата Aile Arasında, награда за надобра актерка наМеѓународен филмски фестивал во Истанбул во “Sofra Sırları“, прво место за најдобра споредна женска улога во “Ти ја осветлуваш ноќта“ . Демет се докажува и со своте вокални способности, зад себе има неколку синглови а напознат е “Nanay“ (2020)
Серијата The Yard и носи огромна слава. Таа го игра главниот лик на Дениз, шармантна, интелигентна жена која привлекува внимание. Додека е на универзитет го запознава Хакан, млад музичар. Се заљубуваат на прв поглед. Набргу потоа се венчаат и се раѓа нивната ќерка Еџем. Потоа Дениз го живее својот пекол. Во семејна караница, ќерката го убива својот татко а Денизја презема вината на себе и оди во затвор, каде што треба да научи да живее во сосема нови околности.
- Никогаш не сум бил во затвор и никогаш не сум се запрашала како е да се биде затворен зад решетки. Научив некои работи кои се застрашувачки, ќе рече Демет.
Черен Мореј како Азра Каја
Церен Морај (1985) го започнала своето театарско образование на млада возраст, но подолго време студирала и дипломирала во 2009 година. Нејзиното прво телевизиско искуство било во ТВ серијата “Вљубеници скитници“, во која се појавуваат актерски имиња како Левент Узумцу и Мужде Ар. По оваа серија, таа учествувала во многу телевизиски проекти. Игра и во хит-младинската серија Кавак Јелери. Неверојатно го сврте вниманието со главниот лик во “Тоа е мој живот“ а славата и расте со главна улога во The Yard.
Азра Каја е уште еден затвореник во дворот. Исто како и другите, таа е всушност заробеник на сопствената несреќна судбина. Таа е ќерка на мајка алкохоличарка и татко кој ги напуштил поради проблемот на нејзината мајка. Пред да влезе во “дворот“ таа студирала право, а сега е една од најстрашните затвореници и водач на една група. Нејзиниот лик драстично се менува со доаѓањето на Дениз. Дали ќе се роди ново пријателство!?
Нурсел Косекако Кудрет Озтурк
Нурсел Косе (1961) на 17 години се сели во Германија и студира Архитектура на Универзитетот во Келн. Додека била студент, работела како актер, комичар, писател, поет и радио драматург. Како режисер, актер и комичар, таа основала различни театри, раководела со многу младински, детски и женски театарски проекти во Германија а е и основач на првата странска женска кабаре група во Германија во 1992 година, „Gerosmetikçileri“ - Die Bodenkosmetikerinnen. Игра во “На работ на животот“ филм кој беше номиниран за Оскар во 2007г. Добитник е на бројни интернационални награди за споредни и главни женски улоги а проектот кој ја издигна пред големата публика беше Тв серијата “Парампарче“.
Во The Yard ја гледаме во ликот наКудет, неверојатно паметна жена но страшна и озлогласена господарка на затворот. Секој чекор го прави стратешки, секој потег пред да го реализира е ставен под лупа. Тешко изговорениете зборови се доволно силни да ги заковаат луѓето на своето место. Во затворскиот двор доаѓа поради убиство кое го извршила од одмазда. Добива доживотен затвор и титула- главен дилер на дрога.
The Yard одблиску го одликува животот во турските женски затвори, периферно ја следи и приказната на жени кои се стануваат мајки во затворот, деца чие детство поминува во Дворот од 4 ѕида, нивната сурова игра....
Серијата која никого не остава рамнодушен, ексклузивно со превод и оригинална аудио снимка е достапна на првата македонска стриминг платформа Gley.
До содржините на Gley може да пристапите преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и за MaxTV приемниците.
Пр објава