Ти и јас немаме крај мило мое: Почина пејачот Момо Николовски
Денеска во Скопје, по долго боледување почина фолк- пејачот Момо Николовски. Тажната вест за смртта на својот сопруг, на Фејбсук ја соопштои неговата сопруга Валбурга Батева-Николовска.
„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата која ја објави и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски, кој беше болен од абдоминален канцер.
- Ајде мило мое…моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човек“, рече сопругата на Николовски во февруари, кога колегите и пријателите на пејачот оргнизираа хуманитарни концерти за неговото лекување.