„Тие се заедно“: Не можат повеќе да ги скријат емоциите-Која убавица му го украде срцето на Леонардо ди Каприо?

Добивај вести на Viber

Како што раскажува извор за Page Six, тие се забавуваат заедно две вечери по ред.

Се чини дека актерот Леонардо ди Каприо и се врати на старата љубов.

Популарниот актер и модел Џиџи Хадид првпат беа поврзани во септември минатата година кога беа забележани заедно на модната недела во Њујорк.

Потоа во февруари беа видени на вечера во Милано, а потоа и во мај, но никогаш не ги потврдија или негираа наводите за нивната врска.

Но, изгледа дека веќе не можат да ги кријат емоциите.

Двајцата беа видени како разговараат на годишната забава на технолошкиот гуру Дејвид Розенберг во Бриџихептон во саботата, а извор изјави за Page Six дека постои очигледна „вибрација“ меѓу двајцата.


- Начинот на кој разговараа еден со друг... Се чувствуваше енергијата - рекол изворот.

А сега, откако беа „фатени“ како се забавуваат во Хемптонс втора вечер по ред, извор потврдува „Тие се заедно“.

Анонимен извор изјави за Page Six дека ги видел 48-годишниот актер и 28-годишната манекенка на забавата на основачот на Tao Group, Марк Паркер, на 4-ти јули.

Тие биле во друштво на неколку луѓе, а подоцна биле забележани во ресторанот на Акива и Гари Канфер во Кисаки.


Како што открил изворот, парот се дружел и играл на мелодиите на диџеите JusSke, Rachel Winter и Zach Bia, велејќи дека изгледа како да се забавуваат.