Timberland има кул есенска колекција од која сакаме баш сè!

Добивај вести на Viber

Иако самата ситуација и новите навики со кои живееме налагаат повеќе време да поминуваме дома, тоа не значи дека треба да се откажеме од сите убавини што ни ги нуди природата во зима.

Веруваме дека изминатава година го разбуди авантуристот во вас, а се чини нема подобри парчиња за вакви подвизи од оние на Timberland. 

Омилениот кул бренд на момците и девојките ширум светот има нова есенска колекција, чии парчиња можете да ги најдете ексклузивно на www.fashiongroup.com.mk и во продавниците во Рамстор и Сити Мол.

Многу моќни производи за целосно уживање во природата, новата колекција на брендот нуди јакни што сериозно ќе ве стоплат, патики за прошетка во блискиот парк, хајкерски за храбрите планински авантури, но и стилски парчиња за секојдневните комбинации за на работа.

Момците сезонава се похрабри од кога и да е, па без проблем комбинираат кошула со спортски дуксер и патики, карго панталони со ролка во интензивна боја и што уште не.

Како и секоја сезона, така и оваа, дизајнерите на брендот создадоа јакни што со сигурност ќе ве заштитат од студот, а во кои секогаш вреди да се инвестира.


Момците и девојките повторно ги обожаваат земјените тонови како темно зелена, портокалова, кафена и црна, па што и да одберете во истиве, нема да погрешите.


Како клучен модел во есенската колекција, повторно се провлекуваат култните Timberland крем чизми соодветни за секоја пригода и отпорни на сите предизвици што со себе ги носат временските услови.

Одберете ги вашите фаворити од новата кул колекција на Timberland, нарачајте онлајн https://bit.ly/2TW5caw или посетете ги нашите продавници во Рамстор и Сити Мол за уште една стилска и неодоливо топла зима!

*За повеќе информации за секое од парчињата кликнете на фотографиите

ПР објава