Тимошенко хоспитализирана? Поранешната украинска премиерка е позитивна на коронавирус

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е позитивна на вирусот ковид-19 и е во сериозна состојба, изјави портпаролката на нејзината партија Отаџбина.

Тимошенко (59), која беше премиер двапати пред да ги загуби претседателските избори во 2010 година, е првиот висок украински политичар што го доби Ковид-19.

- Нејзината состојба беше оценета како сериозна, а нејзината температура е 39 степени - изјави портпаролката на нејзината партија Отаџбина, но таа одби да каже дали Тимошенко е хоспитализирана.

Оваа недела има голем пораст на новозаразени во Украина.