Тоа што Бранко Коцкица го правеше со децата од предучилишна возраст не беше нормално: Некогашната безопасна забава денес е незамислива

Добивај вести на Viber

Ставот и третманот на децата многу се менуваат со текот на времето, а најдобар пример се гледа во емисиите кои беа емитувани во 80-тите.

Емисиите на Бранко Коцкица секогаш будат носталгија и жалење за „безгрижното“ детство. А дека времињата биле тотално различни од денешните, се гледа од концептот на неговите емисии.

Кога ќе го спомнеме „детството“ од периодот на 80-тите години во поранешна Југославија, не можеме, а да не го издвоиме Бранко Коцкица како херој од таа ера. Човек кој со својата харизма и изглед разубави многу детства. Некои од неговите незаборавни емисии од серијата „Kocka, kocka, kockica(Коцка, коцка, коцкичка)“ сè уште можеме да ги гледаме само на YouTube платформата.

Денеска оние малечки кои се собрани околу Бранко Коцкица се доволно созреани за да бидат родители, но се поставува прашањето дали ваквата шега би им била интересна или би било „претерано“ во денешно време.


Бранко во една од своите епизоди им дава на децата да пијат ракија, тоа го сметаше за добра забава, а тоа денес секако би го окарактеризирале како лош однос кон децата и лош пример за помладите гледачи. 

Претпоставката е дека реално немало ракија во шишето, туку сок од јаболко и желбата на Бранко да направи децата да се чувствуваат како возрасни. 

Специфичноста на ова култно шоу на Бранко беше тоа што популарниот Коцкица можеше да комуницира со најмладата популација на свој уникатен начин. Се трудеше секој од нив да учествува во разговорот, да го каже своето мислење, со други зборови, да се чувствува корисно и зрело. 

Не ретко, сите ние барем еднаш во детството имавме можност нашиот дедо или некој друг возрасен маж од семејството да ни истури пена од пиво во чашата или, како бебиња, да ни ја потопат цуцлата во ракија. Секако, тоа го правеле за своја забава. 

Современата психологија ја нагласува важноста да се идентификува детето со возрасен, за и тоа да биде рамноправен член на општеството. Ако се земе тоа предвид, неминовно е да се заклучи дека Бранко имал свој метод децата да ги прави „важни“ и „возрасни“.

Факт е дека општеството оди во подобра насока, хоризонтите се шират и се работи на подигање на свеста за сите важни општествени прашања, но не треба да дозволиме принудната „норма“ да го уништува хуморот, да ги уништува насмевките и безгрижното детство.


Фото и Видео: Youtube