Тој имал 89 и сите пари на планетата, а таа само 26 години: Почнал да ја прогонува, на крај морала да стане негова придружничка
Американскиот милијардер и медиумски магнат Самнер Редстон почина во 2020 година на 97-годишна возраст, но за неговото наследство и денес се зборува... Овој бизнисмен зад себе остави не само богатство и цела империја, туку и сведоштво за колкава моќ и пари може да промени човек. Многумина тврдат дека тој бил „најперверзниот“ милијардер на денешницата и дека буквално не застанал на ништо за да ја задоволи својата сексуална жед и да ја има жената што ја сака.
Редстоун во цутот на својот живот, во неговите 80-ти, бесрамно излегувал дури и со девојките на својот внук! „Тој се однесува како 15-годишно дете на летен камп“, рече еден од директорите на неговата компанија, додавајќи дека на 85-годишна возраст се пофалил дека може да го направи истото во кревет како витален 20-годишник!
До своите 80-ти, тој живеел во својата палата со две жени, Сиднеј Холанд и Мануела Херцер, кои од негови љубовници се претвориле во негови чувари, изолирајќи го од семејството и пријателите и договарајќи му средби со други девојки. Овој милијардер стануваше сè посенилен, а неговата ќерка Шари дури мораше да се бори да ги врати 150-те милиони долари што Редстоун им ги даде од гореспоменатите жени, откако тие му рекоа дека ќе умре сам ако го остават.
Жената која никогаш не успеа да ја освои
Посебно интересна приказна во неговиот живот е онаа со Малија Анделин, единствената жена која успеала да не се заплетка во неговата мрежа, барем не доброволно. Никогаш не успеал да ја освои. Ви пренесуваме дел од приказната од книгата за неговиот живот „Unscripted: The Epic Battle for a Media Empire and the Redstone Family Legacy“, која беше објавена во февруари оваа година.
Малија Анделин пораснала во Јута и била најмалото од осумте деца во мормонско семејство. Во 2008 година, кога го запознала Редстоун, работела како шминкер и живеела во Лагуна Бич. Меѓутоа, се соочила со финансиска криза, па на убедување на пријател ја променила кариерата и почнала да работи како стјуардеса во приватни авиони во компанија која била во сопственост на Редстоун. Набрзо дојде денот кога таа го запознала овој милијардер на еден од летовите.
Самнер летал од Њујорк до Лос Анџелес во друштво на неговиот пријател Арнолд Копелсон и неговата сопруга Ен. Додека го чекала полетувањето, Малија влегла во патничката кабина и го прашача Самнер дали сака помош со појасот.
„Која си ти, по ѓаволите“, ја прашал бесрамно.
„Јас сум Малија, работам во авионот“, му одговорила и го потсетила дека веќе еднаш летала со него.
„Би се сетил на твоето убаво лице“, возвратил тој. Малија потоа се налутила, па му одговорила исто како што тој го започна разговорот. „Кој си ти, по ѓаволите? и излегла од кабината.Милијардерот се разбеснил, но од друга страна бил и заинтригиран - постојано зјапал во неа за време на летот. „Слушам дека жените сакаат да ги удираат по задник. Го сакаш ли ти тоа?“ ја запрашал во еден момент, па додал: „Во молам, немојте да ме тужите за сексуално вознемирување“, смеејќи се.
До крајот на летот, Самнер и давал разни непримерни коментари на Малија и постојано барал нејзина адреса и телефонски број. И покрај нејзиното одбивање, тој немал многу проблеми да го добие бројот на русокосата. Тој постојано оставал пораки на нејзината телефонска секретарка, барајќи да одат на вечера, додека таа го игнорирала. Во меѓувреме, таа не била повикана на работни задачи и сè тоа укажувало дека нејзината понатамошна деловна перспектива зависи од тоа дали ќе оди на вечера со Редстоун.
„Ова е повик кој може да ти го промени животот“
„Некои велат дека создадов невозможна мисија, а некои велат дека оваа мисија е невозможна. Но, јас ја создадов. Знам дека не сте склони кон ризик и не сакавте да разговарате со мене во авионот, но знам дека ако би ми се јавил и би го прифатил тој ризик, овој повик може да ти го промени животот“, е една од многуте пораки што ѝ ги оставил во обид да ја натера да излезат заедно.
Ништо што Анделин направила или рекла не ја спречи потрагата на Самнер да ја придобие. Таа била загрижена - колку далеку може да оди, особено во светлината на неговата моќ. На крајот се согласила да вечера со него. Кон крајот на вечерта, неговиот возач ги оставил сами во автомобилот, а Самнер во истата секунда се нафрлил врз неа и се обидел да ја стави раката под нејзината блуза. Малија го оттурнала, ја отворила вратата и побегнала. Била во шок, толку многу што подоцна не се сетила како стигнала дома.
Следниот ден, возачот на Самнер се појавил на вратата на Малија, велејќи и дека сака лично да ѝ се извини. Различни мисли ѝ се вртеле низ главата, но како што напишала во својот дневник во тоа време, се чувствувала како да нема избор, со оглед на тоа што тој има толку многу пари и толку моќ.
„Нема од што да се плашиш. Јас сум тука. Не си сама. Сè ќе биде во ред. Тој само сака да ти стави светот на дланка“, ѝ рекол Арлос Мартинез, менаџерот на куќата на Самнер кога таа се појави во замокот. Некако ја преброди вечерта. Следниот пат кога Самнер ја покани, таа прифати. За време на една од следните посети, таа добила чек од 20.000 долари, наместо платата што би ја добила доколку работела како стјуардеса.
По еден месец, Самнер ѝ кажал дека не треба да работи и дека наместо тоа може да го придружува на гала вечерите и на многуте формални настани на кои редовно присуствувал. Наскоро, Малија станала редовен гостин во замокот на Самнер.
Но, паралелно со Малија, тој се додворувал на многу други жени, па дури почнал да живее заедно со две од нив - гореспоменатите Сиднеј и Мануела. Сепак, цело време Малија некако останала дел од неговиот живот. Таа била свесна што мислат другите за врската со неа и Самнер, и тоа не ѝ се допаднало. Таа не сакала да ја гледаат како Сиднеј или Мануела. Меѓутоа, таа ги прифатила сите подароци и сите пари. Колку подалеку одела, толку помала била нејзината самодоверба. Понекогаш се прашувала - дали доживеала верзија на таканаречениот Стокхолмски синдром во која жртвата развива приврзаност кон криминалецот. За време на нивните заеднички години, Малија развила одредена симпатија за Самнер, верувајќи дека тој е фундаментално многу осамен и длабоко несигурен. Таа, исто така, се обидела да го рационализира аранжманот што го има гледајќи го како нејзина работа. Колку што можел да биде „груб и злобен“, таа го сметала за ментор и брилијантен бизнисмен од кој може да научи многу.
На една од нивните многубројни заеднички вечери, Самнер ја прашал Малија дали таа мисли дека тој е „ужасна личност“. „Да сум на твоја возраст и да се сретнеме, дали би била со мене? Има ли шанси да ме сакаш да сум на твоја возраст?“, ја прашал.
„Не знам, не си многу фин“, искрено му одговорила таа.
Самнер потоа почнал да плаче.ФОТО: Принтскрин јутјуб