Животна училница // Приказни
Тој уште беше сјај во моите очи: Тијана со ретро-фотографија
- 31 Мај, 2019
Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил објави стара фотографија со сопругот Милан. На сликата, Тијана ја има својата препознатлива кратка фризура која ѝ е имиџ со години, но бојата на косата ѝ е потемна.
„Ние, додека Вук уште беше сјај во нашето око. Млади и убави. Сега сме само убави“, напиша Тијана под фотографијата за синот кој во февруари наполни 10 години. Пејачката, актерка и виолончелист на Велигден прослави 18 години брак со сопругот и раскажа дека го запознала на најнеобично место.