Толку многу пати се мажев што морам да гуглам за да се сетам на сопрузите, а децата често ги прашувам кој им е татко: Познатата Кери Катона шокира

Кери Катона, поранешна членка на популарниот бенд „Atomic Kitten“, неодамна гостуваше во подкастот „The Jay Hutton Show“, каде зборуваше за својот бурен љубовен живот во минатото, но и за фактот дека разголените фотографии ја спасиле од банкрот!

Познатата 41-годишна девојка се пошегувала на своја сметка, велејќи дека толку пати се мажела што морала да ги „изгугла“ поранешните сопрузи за да ги запамети.

View this post on Instagram

A post shared by Kerry Katona (@kerrykatona7)



Кери, која зад себе има три брака, а моментално е свршена со осум години помладиот Рајан Махони, додала дека дури понекогаш знае да ги праша своите деца кој е нивниот татко.

Русокосата откри и зошто решила да се приклучи на познатата платформа за возрасни OnlyFans, признавајќи дека била толку скршена што морала да го продаде скапоцениот подарок од својот прв сопруг Брајан.

„Имав голем, масивен џубокс од Брајан, мојот прв сопруг. Морам да гуглам половина од времето бидејќи не можам да се сетам со кого бев во брак. Ги гледам моите деца и ги прашувам: „Чија си ти?“ Тоа е смртоносно смешно, но децата се забавуваат... Така, го имав тој џубокс што ми го купи Брајан како свадбен подарок, ја содржеше целата моја стара музика... Но, не можев да си дозволам да ја платам киријата, а тој џубокс вредеше околу 16 илјада фунти, па морав да го продадам за 1.900 фунти“, изјавила поранешната пејачка.



Инаку, Кери и Брајан, поранешен пејач на ирскиот бенд Вестлајф, беа во брак од јануари 2002 до декември 2006 година, а заедно ги имаат двете ќерки - Лили Сју и Моли. Неполна година по разводот, Кера во февруари 2007 година се омажи за таксистот Марк Крофт и со него ги доби ќерката Хајди и синот Макс, а во 2011 година ставија точка на бракот.

View this post on Instagram

A post shared by Kerry Katona (@kerrykatona7)



Катона повторно на лудиот камен стапна во 2014 година кога се омажи за рагбистот Џорџ Кеј, со кој ја има ќерката Дилан, а една година подоцна парот се разведе. Џорџ почина во 2019 година како резултат на предозирање.


Извор: Instagram