Том Круз- Од идеја за свештеник до најпознат актер: Дали ќе ја има главната улога на церемонијата на затворање на Игрите во Париз!?
Познат е по чудниот избор на нештата во животот, па така и по Скиентологијата која инаку е позната по тоа што верува дека човекот е бесмртно духовно битие, а Том веќе имал судири и негативни ситуации во неколку ситуации со колегите и познаниците кои имале различни мислења од неговото. Сега се верува дека конечно се одрекува од неа, за која се искара и со своите деца и со неговата поранешна соруга кејти Холмс.
Познатата холивудска ѕвезда како и многумина имал голем број животни препреки пред да стане славен и богат.
Богатството на Том Круз се проценува на 600 милиони долари, но денес и не би бил светски познат доколку не се запишел на часови по глума и продолжел со идејата да стане свештеник, како што првично сакал.
Актерот кој има германско, ирско и англиско потекло на 18 години го напушта училиштето и заминува во Њујорк за да стане актер. Во меѓувреме работел како чистач и вратар се додека не добил улоги во филмови кои му донеле заработка од 15 милиони долари.
Денес е еден од најталентитраните и најбогати актери и може да си дозволи да бира улоги кои ќе ја одбележат неговата кариера.
Актерот наводно, ќе ја има главната улога на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, која ќе се одржи на 11 август.
Се шпекулира дека ќе скокне со падобран и ќе слета на познатиот холивудски знак во Лос Анџелес, со што ќе го одбележи предавањето на домаќинството бидејќи следните Игри ќе се одржат во „Ел-Еј“ во 2028 година. Американските медиуми пренесуваат дека оваа сцена налик на серијалот „Невозможна мисија“ веќе била тајно снимена во март оваа година.
Првичниот план бил да се организира голема забава за примопредавање на плажата позната како Вил Роџерс Стејт Бич, каде би било поставено и олимпиското знаме, но полицијата во Лос Анџелес не дала дозвола за ова бидејќи тоа би значело затворање на автопатот што минува таму. Зад овој проект стои компанија чиј еден од косопствениците е актерот и водител Џејмс Корден, а нејзина намера е да го одбележи предавањето со комбинирање на претходно снимени сцени со атракции во живо. Ова е направено за да се натпреварува со отворањето на ЛОИ во Париз, кога настапија Лејди Гага и Селин Дион, а спортистите се претставија возејќи се во чамци на реката Сена.
Круз беше во Париз, каде што гледаше натпревари во гимнастика и пливање
„Ова е неверојатно. Одлични приказни, одлични спортисти. Неверојатно е што треба да направат за да постигнат успех“, изјави Круз.
Церемониите на затворање и предавање на Олимписките игри и претходно беа можност за појавување на познати личности.