Топлината носи проблем со прекумерното потење: Топ 10 совети доколку премногу се потите

Добивај вести на Viber

фото: unsplash/freepik

Сигурно ви се случило некогаш кога ќе излезете од дома, по само 10 минути да почне пот да капе од вас,  па дамки под пазувите, а шминката почнува да се лизга по лицето. Доколку ова ви е добро позната ситуација, тогаш ова се совети кои треба да почнете да ги применувате ова лето:

Одбирајте маици кои се памучни

Заборавете на материјалите како полиестер. Читајте на етикетите колку памук има во парчињата облека кои ги купувате. Во нив помалку ќе се потите.

Избегнувајте сива облека

На оваа боја, дамките од пот се познаваат многу повеќе и повеќе доаѓаат до израз. Ако сте некој кој многу се поти, во текот на летото избегнувајте сиви маици и фустани.

Во чантата носете хартиени марамчиња со кои ќе можете да ја избришете потта

Само потапкајте ги подрачјата каде ви се собира потта. Дури и ако имате шминка, слободно можете со суви хартиени марамчиња да ја избришете потта.

Избегнувајте дезодоранси со интензивни мириси

Кога ќе се испотите, тој ќе почне да мириса. Бирајте дезодоранси кои се неутрални и со природни мириси и заборавете на оние цветните и кои потсетуваат на мирис на парфем. Дезодоранс користете на чиста кожа, наутро и навечер, и по секое туширање.

Почесто менувајте ги градниците и маиците

Ако облечете облека која веќе еднаш била многу испотена, ќе почнете да се потите повеќе и ќе почнете веданш да мирисете. Иако можеби ви делува дека маицата не мириса, штом ќе почнете повторно да се потите, работите ќе се влошат. Истата ситуација е и со градниците.

Не ставајте премногу шминка. 

Ако знаете дека надвор е претопло и ако сте некој кој многу се поти, тогаш во тие денови обидете се да ставите што е можно помалку шминка. Сигурно не би сакале да почне да ви тече по лицето.

Ставајте водоотпорна маскара

Стандардната маскара, во текот на летото заменете ја со водоотпорна. На овој начин ќе спречите да ви се растекува маскарата под очите.

Не пијте алкохол и не јадете многу лута храна

Од ова само ќе почнете уште повеќе да се потите. Наместо подоцна да се мачите со потењето, спречете го проблемот од корен. Овие две работи можете лесно да ги избегнете и во текот на летото тоа треба да ви стане пракса.

Со себе носете мал џебен вентилатор

Ако многу се потите, немојте да се мислите дали другите ќе ве гледаат чудно, ако додека се возите во автобус, авион или слично, и си го извадите малиот вентилатор. Кога и да имате прилика во текот на денот, користете го. 

И секако, најважното - туширајте се редовно, ако е потребно и по двапати во ден.