ОДЛИЧНА ЗА ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ КОИ СЕ ПРЕД НАС: Оваа билка ќе ви го забрза метаболизмот, топи килограми и целулит
Пролетта е тука, а летото за неколку месеци. Ако се борите со вишок килограми и целулит ви предлагаме билка која помага во симнување килограми и забрзување на метаболизмот.
Точно е дека ѓумбирот со своите детоксикациски својства му помага на организмот да ги исфрли токсините и да овозможи нормално функционирање на метаболизмот, а со самото тоа помага и во процес на слабеење и отстранување целулит.
Со овие својства ѓумбирот е сјајна билка со лековити својства која се користи при подготовка на различни видови јадења. Еве неколку причини зошто треба веднаш да одите до најблискиот пазар или продавница и да си купите ѓумбир:
1. Коренот на ѓумбир е богат со минерали како калиум, бакар, магнезиум, и манган, како и со витамини Ц и Б, но и пантотенска киселина и ниацин.Неговиот состав го прави одлично средство за борба против настинка и вируси а се користи и како вид превенција.
2. Ѓумбирот е одличен лек против болка во стомакот, мачнини, ревматизам и болки поврзани со забите.
3. Коренот на ѓумбирот во некои краеви на светот како Индија, се користи за забрзување на варењето, лекување срцеви болести и зараснување на рани.
4. Ѓумбирот потпомага и ја подобрува концентрацијата и памтењето , но е добар начин за подигање на енергијата.
5. Благодарение на куркуминот кој го забрзува метаболизмот, помага при варење и служи како одличен детокс на организмот.
6. Чај од свеж ѓумбир може да ублажи дури и да спречи појава на мигрена.