Тоше нѐ чуваше да истрчаме до неговото почивалиште
Дечиња со црвени рози ги пречекаа маратонците и гостите кои се упатуваа кон вечното почивалиште на Тоше Проески., кој на денешен ден пред 17 години загина во сообраќајна несреќа.
Крушевчани и овој пат достоинствено го одбележаа овој ден. Пред спомен куќата средношколци од музичката секција ги пееја хитовите на Тоше.
Наум Карпичевски кој ги предводеше маратонците истакна дека сите што трчаа од Нова Градишка до Крушево биле во одлична физичка форма.
„17 години по ред го трчаме маратонот, со иста страст, желба, но и тага во душата што Тоше повеќе го нема. Тој не чуваше, а и времето не послужи да стигнеме здрави и живи на неговиот гроб“, посочи Карпичевски.
Делегација на општина Крушево, положи цвеќе на гробот на Тоше.
„По 17 години повторно непребол, повторно жалост во негова чест, достоинствено и оваа година ги пречекавме ултрамаратонците кои се движеа од Нова Градишка до Крушево. Родното место на нашата поп-икона и музичка ѕвезда Тодор Тоше Проески. Нека му е вечна славата и нека почива во мир. И сите заедно да продолжиме по неговиот пат, солидарност, хуманост и заедништво, истакна Томе Христоски“, градоначалник на општина Крушево.
Маратонците беа пречекани во Спомен куќата директорката Лефкија Гажоска, одржа говор и им одаде признание. И годинава маратонците добија подароци од семејството Проески.
С.А.НФото: Приватна архива