Традиционална и убава: Која е сопругата на Мо Салах?

Добивај вести на Viber

Мохамед Салах во моментов е еден од најбараните фудбалери, за англискиот фудбалски клуб „Ливерпул“ дава голови како од шега, a поголемиот дел од заработката ja донира за сиромашните во родниот Египет, каде има статус на фараон.

Неговата животна приказна и патот до успехот се доволно добри за по нив да се сними филм, но и покрај светската слава и милионските договори, Мо е повеќе од обичен фудбалер. 

Роден е 1992 г. на северот на Египет. Од мал играл фудбал, но бидејќи не потекнува од богато семејство немал многу услови за успех во родната земја. Еден од многуте факти кои фацинираат е што како дете се возел и по 9 часа во автобус за да стигне на тренинг или на натпревар.

Она што го привлече вниманието во последните натпревари на „Ливерпул“ е неговата сопруга. Нејзиното име е Маги, а со Салах се во брак од 2013-тата година.

Двојката е заедно од тинејџерките денови, а венчавката ја направи во Нгриду во Египет по муслиманските обичаи со присуство на неколку илјади гости. Маги е традицонална жена која ги почитува мусилманските обичаи и носи хиџаб. Таа по занимање е биотехнолог.

Со Салах ја имаат ќерката Мака која името го добила по светото место – Мека. Иако е малечка, Мака го обожава фудбалот и денеска беше главна атракција по завршувањето на последниот натпревар на „Ливерпул“ од „Премиер Лигата“ оваа сезона, бидејќи неколкупати трчаше со топката и даде гол.

Иако не се појавува често во јавност, сопругата на Мо многупати е на трибините на „Енфилд“ како поддршка за својот сопруг.