Трагедија во Тел Авив: Почина еден од работниците на Евровизија
Во текот на подготовката за Евровизија се случи трагедија. Фулди Швартц(66), возаќ на камион се повреди во понеделникот на 13-ти мај, кога на него падна дел од осветлувањето, додека носеше опрема. Итно го префрлија во болницата „Ичилов“ во Тел Авив, но набрзо состојбата му се влоши. Почина вчера, рано наутро. Неговата сопруга и деца се сомневаат во мерките за безбедност и сигурност на Евровизија, пренесува „Times of Israel“.
- Не обвинуваме никој во овој момент, но како е можно на таков голем настан, како што е Евровизија, со толку вложени пари, надзор и сигурност, да се случи нешто толку страшно- прашува синот на Фулди, Ерез.
Полицијата и властите покренаа службена истрага за инцидентот. Почетните резултати покажуваат дека со осветлувањето не се постапувало во согласност со прописите, пишува „IQ Magazin“.
Организаторите на Евровизија изјавија дека сочувствуваат со семејството на починатиот, дека се во жалење и ќе соработуваат со властите. Инаку странските медиуми пишуваат дека персоналот и вработените во бекстејџот на Евровизија се изложени на голем ризик од сериозни повреди.