Трајната шминка е идеална за жени кои сакаат да заштедат на време пред огледалото: Русинката Антониа разубавува Македонки

Добивај вести на Viber

Пред 14 години судбината ја донела Антониа од Русија да живее во Македонија. Последната година кога завршувала високо образование се вљубила во Македонец кој брзо станал нејзин сопруг, но се раделиле пред пандемијата со ковид. Има две дечиња а неодамна морала да се врати во родниот крај. Во тој посткризен период, од две страни, Антониа утеха нашла во новата професија. >Ја напуштила работата во РК Вардар каде работела осум години и се посветила на разубавувањето дами. 

Завршила неколку обуки за козметичар, па се едуцирала и обука за трајна шминка во поминала во Москва.

-За време на пандемијата како и многу луѓе и јас останав без работа (дадов отказ од РК Вардар уште пред пандемијата, со надеж на мојата нова работа како козметичар). Пред да дојдам во Македонија работев како асистент во многу големи и меѓународни компании, можев да изградам кариера, но судбината имаше други планови за мене-ни раскажа Антониа на почетокот на ова интервју. Таа истиот период кога останала без работа се разделила со веќе поранешниот сопруг, кој ја оставил без пари, без кров над глава во стан под кирија. Мајка ѝ, која била оддалечена од неа илјадници километри секогаш и била најголема поддршка со раширени раце ја дочекала назад во Русија каде во моментов е со двете деца.

Антониа, вели дека еден ден ќе се врати во Скопје, поради верните клиентки кои ја чекаат. Со неа денес разговараме на темата трајна шминка.


*Како започна идејата и приказната на Антониа со Permanent make up? 

-Приказната започнува во најкризното време: за време на пандемијата и одма после мојот бракоразводен процес.

Многу сакав да ја научам оваа професија и да учам од најдобрите во Москва, но искрено се колебав поради ситуацијата во светот и финансиски тоа беше голем залак за мене. Истовремено чувствував огромна потреба од промена, од нови знаења, од позитивни емоции и нови луѓе во мојот живот. Во тој период огромна поддршка ми беше мојата мајка, која ме убеди да дојдам во Москва на обуката и да се "рехабилитирам" после сите случувања. 

Кога со своите очи видов како работат професионалци со permanent make up (трајна шминка) и каков природен резултат се постигнува, се убедив дека не згрешив во изборот на професијата.

Ја испробав оваа техника и на себе, бидејки многу ми е важно да осетам на своја кожа како ќе се чуствуваат моите клиенти. Јас испробав на себе веѓи, усни и лајнер за очи, и навистина се израдував кога на моето лице "се појавија" убави веѓи (Се смее).

Бидејќи моето влакно е многу светло веѓите скоро не ми се приметуваа на лицето. И размислив, ако мене оваа техника ми подари толку многу позитивни емоции, значи и јас можам да им го подарам истото чуство на жени и девојки.

*Какви техники и третмани употребувате?

-Јас ја работам техниката "powder brows" за веѓи или со други зборови микропигментација: при работење пигментот се нанесува во површинскиот слој на кожа со што се избегнува мигрирање на пигментот во неприродни бои и со тек на време постепено се избледува.

*Кажете ни повеќе за техниката Aquarelle lips?

-Со други зборови тоа е микропигментација за усни. Зборот Aquarelle подразбира лесна техника со природен изглед, како да се "водени боички" со полупроѕирен ефект. Со оваа техника камуфлираме модра, бледа нијанси на усни, нагласуваме избледени контури на усните. Исто така многу добро се камуфлираат и фордајз гранули (белите точкици) на усните.

*Ќе се зголемат ли усните со помош на трајна шминка и од што зависи "зголемувањето" ?

-Го постигнуваме визуелниот ефект на зголемување на усните. На пример: кога усните се бледи, кога контурите на усните се скоро со иста боја со вашата кожа истите изгледат многу помали од тоа што се. Но, кога и додадеме боја, кога ќе ги одвоиме контурите таа веднаш доаѓа до израз и се гледа нејзината пополнетост. 

*Кои се актуелни трендови ?

-Конечно ние сме на "доба" на природност. И многу сум среќна поради тоа (се смее) . Сега, а и секогаш е во тренд класика и природен изглед. Живееме во брз ритам и време е најскапото нешто, сакаме да станеме на сабајле со свеж изглед за да заштедиме на време пред огледалото. Токму за оваа женска потреба и измислен permanent make up, навистина е многу удобно решение.

*Што најмногу преферираа Македонките во последните години од она што вие го работите ?

-Сметам дека сега има поголем интерес за трајна шминка на усни. Барем јас го остетив така кај мене. Услугата на македонскиот пазар е релативна нова и затоа девојки покажуваат својот интерес кон истата. 

*Што претставува кератинскиот третман на трепки?

-Овој третман е повеќе познат како Lash lifting. Кератинскиот третман го нарекуваме кога во работењето на третманот користиме Botox за трепки кој што содржи кератин за зајакнување на влакното, витамини, хиалуронска киселина за еласничност на трепките. Во мојот третман јас секогаш го користам ботокс за трепки, го сакам ефектот по процедурата.


*Постои ли разлика во трајната шминка зависно од возраста?

-Да, секако постои. Возрасната кожа бара понежен и деликатен третман. Бидејќи возрасната кожа е тенка и повеќе чуствителна. Треба да се внимава на димензијата на иглата, на каков пигмент ќе се користи, да не е премногу темен. На возрасната кожа пигментот секогаш трае многу подолго, бидејќи регенерација на епидермисот веќе е успорен.


*Кои се Вашите дневни рутини на лична нега?

-Два пати дневно (на сабајле и навечер) го чистам лицето со пена или млеко за чистење лице, тоник користам по миење и завршувам со серум или крема погодна за временските услови. Преку ден обавезно користам крема со SPF. Два пати неделно користам лесен scrub за лице. При нанесување на крема за лице правам масажа на лице за подобрување на циркулацијата на крвта и лимфата. 

Еднаш месечно правам чистење лице кај козметолог.

*Вие сте и самохрана мајка, па како балансирате помеѓу мајчинството и секојдневните работни обврски?

-Немам некоја "рецепта" за тоа. Си доаѓат задачи и ги решавам, не размислувам на оваа тема. Секако дека од помош ми е мојата драга мајка. 


*Неодамна заминавте со децата од Македонија. Ќе продолжите ли во Русија да се занимавате со Permanent make up?

-Да, секако дека ќе продолжам да се занимавам со оваа професија. Сакам да се усовршувам во тоа што го засакав, а во Русија има многу опции за раст, само да бидеш трудољубив и упорен.



*Ќе се вратите ли некогаш во Скопје, што ќе ви недостига најмногу од овде?

Да, секако дека ќе се вратам. Скопје е втор дом на моите дечиња и ние многу ја сакаме Македонија. Ме чекат моите драги клиентки кои ми веруваат.

Плус имам започнато еден проект заедно со Кариера Плус, кој сакаме да го оствариме. Најмногу ќе ми недостигат моите пријателки кои ме поддржуваа во мојот најтежок период и топлото македонско сонце.


Ирена Ставрова