Тренди и удобни - ќе ги носите секогаш: Тамара од „Тома“ има чизми кои одат со сè и се ненадминлива модна класика

Добивај вести на Viber

Српската актерка на своите следбеници на Инстаграм им покажа многу интересна есенска комбинација за малку потопол есенски ден, а најмногу внимание привлекоа нејзините чевли.

Актерката Тамара Драгичевиќ е една од најпопуларните и најангажирани актерки во моментално, а по успехот што го доживеа со филмот „Тома“, продолжува напорно да работи пред камера и во театар, каде игра голем број на исклучителни улоги.
Оние кои ја следат секогаш насмеаната актерка на Инстаграм знаат дека таа извонредно се покажа и како модел, како и дека приватно нејзините модни изданија изгледаат како во секој момент да позира за страниците на некој моден магазин. Таква е варијантата на облека која Тамара ја покажа пред неколку дена, откривајќи им на фановите како ужива во пријатен ноемвриски ден.

Актерката на терасата позира во широки светли фармерки, краток топ и жолт кардиган, а посебен впечаток оставаат обувките - маслинесто зелени чизми од превртена кожа.


Станува збор за модел познат како Челзи чизми, еден од докажаните модни класици со кои е невозможно да се погреши и кои на секоја комбинација додаваат мешавина од лежерност и шик стил.

Силвана и докторот од филмот „Тома“ се брачен пар во реалниот живот: Харизматичната и успешна двојка има две деца

Челзи чизмите се есенски чевли кои се верува дека датираат од викторијанската ера. Во секој случај се несомнено „британски“, бидејќи најголемата слава ја стекнаа во текот на педесеттите и шеесетите во Лондон, кога се појавија во излозите на многу продавници на познатиот Кралски пат во Челзи и кога ги носеа речиси сите. Во децениите што следеа добија многу различни варијанти, а како што поминува времето нивната слава не стивнува.

Тамара Драгичевиќ се одлучи за модел од превртена кожа, кој обично се поврзува со малку порелаксирани варијанти на облека.

Во продолжение ви претставуваме уште неколку идеи за комбинирање на чизмите Челзи со фармерки: