Трендот на користење Drive Thru ресторани за брза и безбедна нарачка на вкусен оброк се повеќе расте

Добивај вести на Viber

Мерките за претпазливост во изминатиот период на пандемија целосно го сменија начинот на работење на рестораните и угостителските објекти. Со цел да се намали непосредниот контакт помеѓу луѓето и ризикот што произлегува од групирање, рестораните беа принудени да развијат алтернативни начини на работење и услужување на своите посетители, како што се сопствена достава, подигнување на нарачката од страна на посетителите и работење со надворешни соработници кои вршат достава.

Како успешен и безбеден начин на подигнување на храна се покажа и моделот на Drive Thru, кој овозможува минимален контакт и поголема брзина при подигнувањето на нарачката – два важни елементи во обидот за запазување на мерките и избегнување директен контакт.

Пред појавата на Ковид-19, Drive Thru претставуваше лесен и практичен начин да се задоволи желбата за брза храна во раните утрински часови од страна на младите по вечерното излегување, како и на децата чии родители брзаа да ги однесат на попладневен час по германски јазик или свирење гитара. Но, со промената на потрошувачките навики како резултат на глобалната пандемија се промени и перцепцијата за Drive Thru. Овој канал повеќе не е само лична преференција на потрошувачите, туку и значително побезбеден начин за набавување храна.

Освен што овозможува дополнителна брзина на услугата, концептот на Drive Thru е практичен, бидејќи посетителот може да ја направи и подигне својата нарачка без да ја напушти удобноста на своето возило, со што дополнително се намалува ризикот од изложеност. Изминатите месеци, рестораните низ цел свет, кои располагаат со Drive Thru,ја искористија оваа опција како предност во изменетите работни услови, додека кај нас, KFC – единствениот ланец на ресторани кој располага со Drive Thru на две локации во Скопје, преку овој канал го одржа своето работење за време на целиот период на рестриктивни мерки.

Во светски рамки, значителен број од ланците на ресторани за брза храна со Drive Thru забележаа зголемено користење на овој канал во однос на минатите години. Зголемената фреквентност на KFC Drive Thru во населбите Автокоманда и Чаир укажува на тоа дека луѓето сè повеќе ги земаат предвид брзината и безбедноста кога станува збор за нарачување и подигнување на својата храна.