Трендови кои ќе доминираат во летната сезона: За да бидете ултра шик потребни ви се само овие 6 парчиња! (ФОТО)
Секоја жена со стил мора да ги има овие 6 парчиња
Има уште многу до летото, но може да почнеме да размислуваме за трендовите кои ќе преовладуваат во претстојната сезона, за да бидеме подготвени.
Експертите најавуваат враќање на трендовите од 90-тите. Фокусот ќе биде ставен на полежерните и удобни комбинации, што сите не прави особено среќни. Така, оваа година водечки модел на обувки ќе бидат кломпи и рамни влечки, додека високите потпетици одат на привремен „одмор“.
Време е да се одмориме од тесните парчиња во кои тешко дишеме, кои се стегнати и во кои не се чувствуваме удобно. Летото 2022 година ќе биде знак на ослободување од сè што не ни се допаѓа, барем кога е модата во прашање.
Сè на сè, ни претстојат смели, шик трендови:
1. Широки костими во интензивни бои
Костими доминираат на модната сцена веќе неколку сезони, а така ќе бидат и ова лето. Тренд ќе бидат предимензионираните модели во кои секако ќе ни биде удобно. Што се однесува до бојата, правилото гласи - колку пошарено, толку подобро!
2. Реси
За сите љубители на романтични комбинации имаме добри вести - ресите се враќаат во мода. Ќе се најдат на речиси сите парчиња облека, јакни, фустани, па дури и фармерки. Овој детал дава посебна нота на секоја комбинација.
3. Бохо стил и тексас јакни
Веќе не е големо изненадување - бохо стилот се враќа на модната сцена секое лето. Овој тренд е совршен за сите дами кои сакаат лесни комбинации и на кои удобноста им е на прво место. Исто така, тексас јакните повторно стануваат актуелни, особено оние со цветни детали.
4. Широки фармерки
Широки, долги, оние што малку наликуваат на машки модели - па, токму такви фармерки ќе бидат во тренд ова лето, додека тесните модели одат целосно во заборав.
5. Марами, капи, шешири
Модните додатоци се во тренд оваа година повеќе од кога било досега. Марамите како што се носеа во 90-тите повторно се голем тренд. Исто така, капите и шеширите ќе бидат хит.
6. Кломпи
Моделот со специфичен изглед со заоблен горен дел и платформа, најчесто од дрво, се врати на модната сцена и не планира да се повлече од модниот трон.
Трендовите се вртат во круг, а сега на ред се кломпите. Според модните експерти, овој модел на обувки ќе го гледаме често во наредниот период.
Извор: stil.kurir.rs