Трендовски модел на патики: Timberland ги претставува Delphiville за пролет/лето 2019

Добивај вести на Viber

За пролет/лето 2019, Timberland се фокусира на концептот на иновативност и нови технологии во обувките. 

Ви ги претставуваме Delphiville. Нов член во семејството на патики, Delphiville со својот младешки изглед е доминантен производ кој се фокусира на трендовите, но и на удобноста која и е потребна на модерната жена. 

Кожни патики со доминантен гумен ѓон, обувки подготвени за сите предизвици на урбаното секојдневие. 

Со Delphiville, Timberland става акцент на женската колекција оваа сезона, со особено интересна маркетинг кампања во која се вклучени интересни и инспиративни жени како Mary Charteris, музичарка, ДЈ и модел од Велика Британија и американката Elyse Fox која работи во филмската индустрија, но исто така е позната и по тоа што отворено зборува за сопствените искуства со депресијата. И двете девојки, кои се доста активни во подигањето на свеста за социјалните и еко промените се избрани да бидат носечки лица на кампањата за Delphiville.