Министерот за надворешни работи Никола Димитров (48) има нова љубов, дознава „Женски магазин“. Станува збор за новинарката Катарина Синадиновска со која не ја кријат врската и заедно се појавуваат на настани во Скопје.
Димитров кој досега двапати се женеше, не беше достапен на мобилниот телефон за да ја потврди информацијата. Ја контактиравме Катарина која ни се јави, но не сакаше да коментира ништо за приватниот живот.
- Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес - ни изјави кусо Синадиновска.
Р.Ж.М.