Здравје // Совети
ТРЕТАТА ДОЗА КАКО УСЛОВ ЗА ПАТУВАЊА? - некои земји веќе го ограничуваат рокот на траење на вакцините, еве што ќе се случува на границите
Третата или „засилувачка“ доза на вакцината против корона не само што ќе го зајакне имунитетот на граѓаните, туку во блиска иднина може да биде и своевидна патна виза!
Досега, повеќе или помалку, ако сме биле вакцинирани со две дози од речиси сите вакцини, би можеле да патуваме во многу земји, но од неколку извори има најави дека третата доза на есен, или најдоцна зима, би можела да биде клучен услов за да се избегне карантин при патување.
Имено, некои земји веќе го ограничија времетраењето на сертификатот за вакцинација. Ако, на пример, планирате да одите во Хрватска или Австрија, мора да имате на ум дека и двете имаат специфична состојба, а тоа е дека потврдата за вакцинација се признава само ако не се поминати повеќе од девет месеци.