Tретата доза од Фајзер предизвикува слични нуспојави како втората: Истражување ги даде првите резултати
Испитаниците кои ја примиле третата доза велат дека најчеста непријатност што ја почувствувале по вакцинацијата е болката на местото на инјектирање.
Повеќето луѓе кои ја примиле третата доза на вакцина против корона вирус од компанијата „Фајзер“ - Бајонтек, доживеале несакани ефекти слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажа првичната студија во Израел.
Пред околу десетина дена, Израел започна да нуди зголемена доза за луѓе постари од 60 години, поради појавата на многу заразен вид на делта.
Најголемата израелска здравствена институција, Клалит, во неделата објави дека повеќе од 240.000 луѓе биле имунизирани со третата доза на вакцината.
Околу 4.500 луѓе кои ја примиле третата доза од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата за истражување.
Мнозинството од 88 проценти од учесниците во студијата рекле дека се чувствуваат „слично или подобро“ во деновите по примањето на третата доза во споредба со она што се чувствувале по втората доза, а 31 проценти пријавиле несакани ефекти - најчесто болка на местото на инјектирање.
Околу 0,4 проценти од испитаниците изјавиле дека страдаат од тешкотии при дишењето, а еден процент побарале медицинска помош поради еден или повеќе несакани ефекти.
Шефот на одделот за истражување на Клалит, Ран Балисер, рече дека резултатите, иако се „првични и само-пријавени“, овозможуваат споредба на несаканите ефекти со втората доза и „излегува дека во повеќето случаи тие се слични или помалку после трета доза “.