Третман на бактериски циститис – антибиотска терапија и превентива

Добивај вести на Viber

Втора најчеста причина за посета на лекар кај женската популација се уринарните инфекции. Притоа најзастапен е т.н. цистит, при што речиси две третини од жените имаат цистит барем еднаш во животот. Циститот е најчест кај сексуално активните жени на возраст од 20 до 50 години, а дури во 1/3 од случаите инфекцијата се повторува. Најчест предизвикувач на оваа инфекција е бактеријата Escherichia coli која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други причинители се стафилококи, протеус, клебсиела, енетерокок и псеудомонас. Циститот најчесто настанува поради самоинфекција - главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, коешто го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichia coli) кон уринарниот тракт. Кога еднаш Escherichia coli е присутна во уринарниот тракт може да се активира ако достигне повисоки концентрации во урината. Ризик фактори за појава на цистит се пред се падот на имунитет, предизвикан од: преладување , стрес, дијабет, бременост итн. Истотака чест тригер е незаштитен полов однос или вметнување на инструменти во уринарниот тракт (катетеризација, цистоскопија).

Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:

  • болка при мокрење кое оди доста тешко (честопати пациентите велат „само неколку капки“),
  • Печење при мокрење и појава на неколку капки крв на крајот на мокрењето,
  • Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска,
  • Болка за време на сексуален однос,
  • Итност при мокрење и зачестено мокрење,
  • Матна, темна моч, со јак или непријатен мирис.

Ако циститисот не се лечи соодветно Е.coli преку мочоводот може стигне до бубрезите и да предизвика воспаление сериозно воспаление (пиелонефритис). Токму затоа лекувањето е комбинација од антибиотска терапија и соодветен хигиенодиететски режим кој подразбира :

  Одмор,

  Внесување на најмалку 2 литра вода дневно,

  Почесто празнење на мочниот меур со целосна мускулна масажа,

  Мокрење по секој полов однос,

  Хигиенско бришење (од напред према назад),

Во однос на изборот на антибиотици често се користат стандардни антибиотици со широк спектар (пр.амоксицилин+клавулонска киселина) и уроантисептици  (пр.нитрофурантоин), но во поново време се повеќе специфични антибиотици за уринарни инфекции, а пред се фосфомицин поради ефикасното и прецизно делување на причинителите во уринарниот тракт, ниската појава на резистенција и можноста за еднократна примена што значајно ја подобрува соработката на пациентите. При антибиотската терапија задолжително е употреба на соодветен пробиотик со цел да се намалат несаканите ефекти (дијареа), но и да се унапреди ефикасноста.

Корисни може да бидат и додатоци во исхрана на база на Д-Маноза во доза од 2г (најдобро во комбинација со пробиотици) бидејќи ја намалуваат концентрацијата на E. coli кој е најчест причинител на цистит (90%). Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи за природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт. Со оглед на тоа дека рецидивите на уринарните инфекции се честа појава, а Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите, се препорачува подолгорочна примена на комбинации на Д-маноза и специфични пробиотици (S.Boulardi) во превентивни цели.

Др.Илија Келепуровски, специјалист по урологија

* ПР - објава